Вучиќ до САД: „Не го правете тоа… главата ми пука од бројки“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, ги замоли САД да не воведуваат секундарни санкции кон српските финансиски институции, барајќи „малку време“ – барем до средината на декември – за да се најде решение за проблемите поврзани со енергетскиот сектор и руското влијание во НИС.

„Молам нашите американски партнери да не преземаат чекори кои би ја загрозиле стабилноста на банките. Пука ми глава од бројки, но морам да обезбедам доволно нафта и енергија за граѓаните“, изјави Вучиќ од Ташкент.

Тој додаде дека не може да гарантира национализација на руската имотина во Србија, бидејќи, како што рече, „никогаш никому ништо не сум отимал“.

Според Вучиќ, земјата се соочува со „најлошата хидролошка состојба во последните 36 години“ и со сериозни ризици во пресрет на можно „најстудената зима“.

Зачлени се на нашиот е-билтен