Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Вучиќ: ЕУ не сака да применува механизми кон Приштина поради укинувањето на динарот

Александар Вучиќ

 Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, во Минхен изјави дека од денешните разговори со претставникот на ЕУ, Жозеп Борел и претставникот на ЕУ за дијалог меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак, добил впечаток дека ЕУ „или нема или не сака применуваат механизми кон Приштина“ и дека се подготвени да прифатат дека е преоден период на укинување на динарот на Косово, јави Бета.

Вучиќ за ова им кажа на новинарите од Србија во Минхен, каде што учествува на Минхенската безбедносна конференција и каде разговараше со Борел и Лајчак.

„Во врска со тоа, можам само да кажам дека ми се чини дека Европската унија или нема или не сака да применува механизми кон Приштина, која спроведува не само еднострани мерки, туку на секој начин се обидува етничко да го исчисти Косово од Србите и тоа е она што можев да го видам низ одговорите“, рече Вучиќ.

Тој пренесе дека Србија е подготвена да учествува во секој разговор, но дека сака да види резултати, а не само дека од Србија „се бара и очекува, а Приштина да не исполнува“.

Тој додаде дека конкретно разговарале за одлуката на Косово за динарот, што е поголем проблем за Србија и дека има, како што рече, „една подмолна лага, една од многуте подмолни лаги на Албин Курти“, рече Вучиќ.

Вучиќ рече дека во наредните денови очекува покана за Брисел и дека „се надева на некакво решение“.

Зачлени се на нашиот е-билтен