Претседателот на Србија Александар Вучиќ му рекол на рускиот претседател Владимир Путин дека Србија на самитот на БРИКС во Казан ќе ја претставуваат министрите Братислав Гасиќ, Александар Вулин, Адријана Месаровиќ и Ненад Поповиќ.
„Му реков на Путин дека договорив посети, па дури и да не беше така, тешко ќе дојдам на самитот на БРИКС, но дека ќе испратиме делегација. На Самитот на БРИКС ќе биде претставена Србија од четворица министри. Му кажав на Путин дека ќе ми биде тешко да дојдам и верувам дека тој го разбира тоа“, рече Вучиќ во интервју за Радио телевизија Србија.
Тој изјави дека утре има трилатерална средба во Словачка, дека задутре доаѓа полскиот премиер Доналд Туск, му се придружуваат грчкиот премиер Киријакос Мицотакис, а потоа и претседателката на ЕК Урсула фон дер Лајен.
„Србија е единствената земја во Европа која нема, единствена, со букви и бројки, единствена земја во Европа која не пристапила на ниту една декларација, а само оваа година ги имаше 44 против Руската Федерација. Само оваа година носи 44 пакети различни санкции, никогаш не сме се приклучиле. Путин тоа високо го цени“, истакна Вучиќ.