Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Вучиќ на телефон со Трамп: Србија беше земја со најголема поддршка за вас во цела Европа

„Изразив надеж дека ќе ја посети Србија бидејќи Србија беше земјата каде поддршката за изборот на Трамп беше најголема во цела Европа. Претседателот Трамп се заблагодари за огромната поддршка што ја доби од граѓаните на Србија“, напишал на социјалните мрежи претседателот на Србија, Александар Вучиќ за телефонскиот разговар со новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп.

По разговорот тој се огласи на социјалните мрежи и ги откри темите на средбата.

„Само што го завршив разговорот со новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп. Разговорот беше одличен, смислен и би рекол многу срдечен“, рече Вучиќ и додаде дека со Трамп разговарал и за успесите на српските спортисти и го поканил да ја посети Србија.

Зачлени се на нашиот е-билтен