„Дали ќе му помогнам на некого и ќе се борам за оние за кои мислам дека можат да ја водат Србија во иднина за да постигнат успех на изборите, сигурно ќе го направам тоа, и од која позиција во моментов тоа не е тема, ниту би можел самиот да го кажам“, рече Вучиќ на прес-конференција со австрискиот канцелар Кристијан Штокер во Белград.
„Ќе распишам избори во согласност со Уставот и законите, веројатно пред законскиот рок…Изборите ќе покажат „што ќе каже народот и кој ќе победи“.
Вучиќ рече дека Србија се соочува со многу насилни протести, како оној синоќа.
Наведувајќи дека демонстрантите одат во домовите на политичките противници, како во Австрија и Германија во минатото, Вучиќ додаде дека Србија го издржала сето ова „на многу демократски начин, без сериозна употреба на сила“.
Вучиќ ги критикуваше австриските медиуми бидејќи, како што изјави, „не можеше да се чуе различно мислење“ за протестите во Србија.