Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Вучиќ: Подготвен сум да исполниме се освен признавањето на Косово, со обврска некој да формира ЗСО

Александар Вучиќ (Фото: Фејсбук)

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека е подготвен да ги исполни работите што не се однесуваат на де факто и де јуре независноста на Косово, територијалниот интегритет на Косово и членството на Приштина во Обединетите нации и нејзините агенции, со обврска „некој да формира Заедница на српски општини“ (ЗСО), јави дописникот на МИА од Белград.

-Луѓето немаат причина за грижа, ние сме подготвени да исполниме работи кои не се однесуваат на признавањето на таканареченото Косово и членството во ОН, но некој мора да формира ЗСО, а Приштина не го сака тоа и измислува трик по трик, на штета на нашиот народ во Косово, истакна Вучиќ на ТВ Прва.

Според него, целата приказна е еден вид маѓепсан круг.

Запрашан за барањата на косовскиот премиер Албин Курти во Брисел Србија да ги потпише договорите, Вучиќ објасни:

-Не побарав никакво пропратно писмо, како што рече Курти, реков дека сме подготвени да ги исполниме нашите обврски, а потоа ставив запирка и додадов дека не можеме да прифатиме ништо поврзано со признавањето на Косово или членството во ОН. Тоа го кажав и во Охрид и во Кишињев, го кажував секој пат, рече Вучиќ.

Тој додаде дека се консултирал со адвокати и професори и да затоа секој пат инсистира на тие две прашања.

-Нема временска рамка за решавање на косовското прашање, а и покрај бројните напори да се изолира Србија, тоа не се случи, имаме многу пријатели и секогаш ќе има наши соседи кои секогаш ќе бидат против нас, потенцираше Вучиќ.

Зачлени се на нашиот е-билтен