Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Вучиќ повикан утре на вонредна седница на Владата: Србија подготвува акциски план за одговор на притисоците

Утре во Палатата Србија ќе се одржи вонредна седница на Владата на Србија, на која се поканети претседателот на државата Александар Вучиќ, претседателката на Народното собрание Ана Брнабиќ и министри, а поканети се и клучни луѓе од безбедносниот сектор, армијата и полиција, како и директори на јавни претпријатија, јави дописникот на МИА од Белград.

Медиумите пишуваат дека на оваа седница во најширок формат, која е закажана за 10 часот, ќе се разговара за акцискиот план, односно за одговорот на Србија на крајно неповолната политичка ситуација, која кулминираше со последните притисоци врз Белград кога е во прашање Косово и Република Српска.

Се очекува на дневен ред да бидат и регионалните теми и економските предизвици со кои се соочува Србија. 

Зачлени се на нашиот е-билтен