Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Вучиќ призна дека направиле глупост со приведувањето на Северина

Александар Вучиќ

„Мислам дека тоа е многу глупаво и непотребно“. Вака го оцени приведувањето на Северина на српската граница српскиот претседател Александар Вучиќ во гостување на ТВ Пинк.

„Сега ќе ве изненадам со тоа што ќе ви го кажам. Му се јавив на Дачиќ утрово, го разбудив, да видам што се случува со Северина. Ми рече дека е така и така и ми кажа дека не е приведена, ја задржале на граница два часа. Мислам дека тоа е многу глупаво и непотребно. Не поради Северина, за која мислам сѐ најлошо. Ние мора да се разликуваме од нив во сѐ. Боже сачувај да водам држава во која ќе се апси секој што ги слуша песните на Томпсон. Пуштете ги сите, и Селма Бајрами. Тоа што тие ја мразат Србија, зборува за нив“. рече Вучиќ.

Оваа изјава на Вучиќ доаѓа откако Северина била задржана на граница речиси 3 часа, кога побарала да ѝ бидат вратени документите и да ѝ се дозволи да се врати во Хрватска. Кога ја запреле, полицијата повикала инспектори кои наводно ја испрашувале за невремето, Сребреница и за литиумот (т.е. за протестите против ископување литиум во Србија), а потоа ѝ го пребарале целиот автомобил.

Оваа ситуација таа опширно ја опиша на социјалните мрежи и изјави дека нема да настапува во Србија додека „на власт е диктаторот“.

Зачлени се на нашиот е-билтен