Српскиот претседател Александар Вучиќ денес им ја честиташе Новата година на граѓаните на Србија и порача дека во следните 24 часа ќе очекуваат феноменални политички вести.
„Драги граѓани, среќна Нова Година, а во следните 24 часа верувам дека ќе очекуваме феноменални политички вести. Работевме напорно. Го заслуживме тоа. Да живее Србија“, напиша Вучиќ на социјалната мрежа „X“.
Вучиќ на Инстаграм изјави и дека има две цели за следната година: првата е мир и стабилност, а втората е најдобрата година во историјата на Србија, првенствено во економска смисла.
„Србија ќе продолжи со својата политика на воена неутралност и мир во регионот и во светот – ќе се придржуваме до Повелбата на ОН, до резолуциите на ОН, не само по прашањето на Косово и Метохија, туку и по сите други кризи низ целиот свет“, рече тој, меѓу другото.