Вучиќевиот одговор до „Гардијан“ заврши во рубриката „писма од читатели“

Замолчување на медиуми, Од Фејсбук страницата на претседателот на Србија Александар Вучиќ
Од Фејсбук страницата на претседателот на Србија Александар Вучиќ

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, испрати реакција на уредничкиот став на британскиот „Гардијан“, но неговиот текст е објавен во рубриката „Letters to the editor“ – меѓу писмата на читатели во викенд-изданието и на сајтот на весникот, пренесе nova.rs. Според медиумот, тоа го потврдуваат и фотографии од печатеното издание.

За Н1, аналитичарот за меѓународни односи Мирко Даутовиќ изјави дека одговорот на Вучиќ е сместен во делот „писма на читатели“ на седмата страница од додатокот за викенд, „под фотографии од пазар“, нагласувајќи ја симболиката на уредничката одлука.

Во онлајн-верзијата на писмото со наслов „Serbia cannot accept violent street protests“, Вучиќ тврди дека во изминатите месеци имало десетици илјади ненajавени протести, дека дел од нив ескалирале со насилство и дека полициските реакции биле „воздржани“, додавајќи дека владата прифатила дел од барањата на студентите и дека ќе се спроведат избори и реформи.

Пoлeмиката следи по уредничкиот коментар на „Гардијан“ од 25 август, во кој редакцијата оцени дека демонстрантите во Србија „заслужуваат повеќе поддршка и солидарност од ЕУ“ и го опиша присуството на Вучиќ во политиката на Западен Балкан како „малигно“.

nova.rs потсетува дека ова е уште едно во серија писма што Вучиќ ги упатува до западни медиуми во обид да одговори на критиките; претходно реагираше и на уводник на „Фајненшл тајмс“.

Зачлени се на нашиот е-билтен