Девет градежни групации ја поминаа претквалификацијата на Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) и добија покана да достават финансиски понуди за новата автопатска врска Букојчани – Кичево на Коридорот 8. Станува збор за 11,5 километри двоен коловоз со дизајнирана брзина од 100 km/h, што ќе ги замени сегашните тесни ленти на планинскиот премин и ќе го затвори „празниот“ сегмент помеѓу тековните проекти Гостивар – Букојчани и Кичево – Охрид.
Краен рок за понуди: 30 септември 2025. Потоа следи евалуација и избор на најповолна понуда, соопшти ЈПДП.
Финансиска рамка
- Вкупна вредност (проекција): 132,7 милиони €
- 110 милиони € заем од ЕБОР
- 19,8 милиони € грант од Инвестициската рамка за Западен Балкан
- остатокот – средства од државниот буџет
Што опфаќа проектот?
- Две коловозни ленти од 3,5 m по правец + лента за застанување
- Мостови, тунел, пропусти, потпорни ѕидови, одводни канали
- Две клучки што ќе го поврзат автопатот со регионалната патна мрежа
- Директно надоврзување на трасата Гостивар – Букојчани (во изведба на „Бехтел и Енка“)
Изградбата треба да стартува веднаш по изборот на изведувачот и обезбедувањето на кредитот од ЕБОР, а рокот за реализација ќе биде дефиниран во договорот.