Министерството за внатрешни работи инфромира дека во првите 12 часа од пробното функционирање на системот „Сејф сити“ биле регистрирани 65.000 прекршоци.
Од нив, 2800 се за поминување на црвено светло и 1000 за нерегистриран автомобил.
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски кој денес беше во посета на Центарот за „Сејф Сити“ рече дека со последните измени на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, прекршоците документирани со вакви технички средства се сметаат за валиден доказ.
„Со стартот на овој систем испраќаме јасна порака – безбедноста на граѓаните е врвен приоритет. Нема толеранција за несовесно возење, без разлика дали е во градска зона или на отворен пат. ‘Безбеден град’ е проект кој штити животи и ја враќа дисциплината во сообраќајот,” истакна министерот Тошковски.
Од МВР пак најавуваат дека ќе се продолжи со тестирањето и унапредувањето на системот, со цел негово целосно функционирање во наредната фаза.