За 1500 посетители, дискотеката во Кочани треба да има 7 излези за итни случаи, а имала само еден

Согласно правилата на Министерството за економија, кои определуваат минимални технички услови за извршување на угостителска дејност, ноќен клуб мора да има најмалку еден излез за итни случаи за капацитет до 100 гости, но и по уште еден излез за секои 200 гости.

Тоа значи дека за забава, каква што се одржувала синоќа во клубот „Пулс“ во Кочани, во која имало околу 1500 учесници, дискотеката требало да има минимум 7 излези за итни случаи.

https://www.dpi.gov.mk/images/stories/prijavi/2023/%D0%94%D0%9F%D0%98%20-%20%D0%9F%D1%80%D0%B8%D1%98%D0%B0%D0%B2%D0%B0%20%D0%B7%D0%B0%20-%20%D0%9C%D0%A2%D0%A3%20-%20%D1%83%D0%B3%D0%BE%D1%81%D1%82%D0%B8%D1%82%D0%B5%D0%BB%D1%81%D0%BA%D0%B0%20-%20%D0%B4%D0%B5%D1%98%D0%BD%D0%BE%D1%81%D1%82.pdf

Сепак, семејствата на повредените сведочат дека дискотеката имала само еден влез и немале никакви протоколи за излез.

Како што објави ТВ21, дискотеката „Пулс“ не ни имала важечка лиценца за работа, односно лиценцата која ја имале ја добиле на 13 март 2023 година и имала важност од една година. Тоа значи дека дискотеката функционирала без лиценца, а за тоа знаеле сите.

Министерот Тошковски за медиумите рече дека синоќа полицијата спроведувала акција во дискотеката барајќи дрога и малолетници, но очигледно тие не ги пронашле малолетниците, кои потоа трагично го загубија животот во пожарот.

Објектот кој служел како дискотека во Кочани е изграден пред 26 години, а легализиран е во 2005 година, но никогаш не побарал елаборат за противпожарна безбедност, велат од Дирекцијата за заштита и спасување. Се уште се утврдува дали воопшто легално се пренаменил во објект кој може да организира забави за голем број луѓе, информираат од ДЗС.

Зачлени се на нашиот е-билтен