Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

За 20 проценти пораснал бројот на студенти на верските факултети

Поголем интерес за студирање има кај приватните и кај верските високообразовни установи, додека кај државните, наспроти големиот и постојан пад, пораст има само на медицинските и на информатичките факултети.

За последните десет години, бројот на студенти во земјава се намалил за 7.043, односно за 12 отсто, стои во истражувањето на Центарот за граѓански комуникации (ЦГК).

Најголем пад од 11.150 студенти, односно 22 отсто има на државните универзитети, пренесува СДК.

Наспроти тоа, на приватните има 4.054 или 56 насто студенти повеќе. Кај верските високообразовни установи има 53 или 20 % повеќе студенти.

Бројот на студенти во земјава го достигнал најниското ниво во пандемиската 2020/21, само малку повеќе од 50 илјади.

По порастот во следните две учебни години, вкупниот број студенти повторно паднал во последната учебна година.

Зачлени се на нашиот е-билтен