МВР информира дека на 05.12.2025 во 16:50 часот во ОВР Кавадарци е пријавено дека на ул.„Шишка” во Кавадарци патничко возило „фиат” со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од З.Т.(50) од Кавадарци удрило во 52-годишната К.Е. од с.Марена, кавадаречко. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила К.Е. констатирани во Општата болница Кавадарци.
На 06.12.2025 во 00:30 часот во ОВР Гостивар е пријавено дека на крстосницата од ул.„Илинденска” со бул.„Гоце Делчев” во Гостивар патничко возило „јагуар” со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Д.С.(26), удрило во пешакот Р.Ј.(28), двајцата од Гостивар. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Општата болница Гостивар.
Извршен е увид од увидна екипа од ОВР Гостивар.

