Исплатата на пензиите претставува сериозен предизвик имајќи го предвид буџетскиот дефицит во Фондот за пензиско и инвалидско осигирување којшто во моментот изнесува над 600 милиони евра, како и трендот на зголемување на бројот на пензионери. Во државава има над 330.000 пензионери, а анализите покажуваат дека сегашните вработени ги финансираат сегашните пензионери, односно придонесите што по однос на пензиско и инвалдиско осигурување се собираат од еден и пол вработен се доволни за да се исплати една пензија.
Властите мора да преземат мерки со кои ќе се намали дефицитот во Фондот на ПИОМ, како што се зголемување на стапката на придонесот за пензиско и инвалидско осигурување, зголемување на платите, да се престане со праксата за ослободување на фирми од плаќање на придонеси, како и да се избегнуваат ад хок решенија поврзани со зголемување на пензиите.
Финансирањето на Фондот за пензиско и инвалидско осигирување (ПИОМ) се врши по два основа – од придонеси и трансфери од Буџетот. Со реформата спроведена во 2019 и 2020 година придонесите годишно се зголемија за 0,4 проценти, односно од 18 проценти скокнаа на 18,8 проценти со што процентот на средства што доаѓаа од Буџетот се намали на 32,3 проценти.
Бројот на пензионери расте побргу од бројот на вработени
Според експертите една од причините за „дупката“ во Фондот се и ад хок решенијата за зголемување на пензиите, но и пензиската реформа од 2006 година кога третина од придонесите за пензиско осигурување почнаа да се уплаќаат во приватните пензиски фондови, а пензиите продолжија да се исплаќаат само од државниот буџет. Тоа ги намали приходите на државниот Фонд, но не ги намали расходите, што неминовно води до дефицит. Само за илустрација, во 2005 година, пред реформата, дефицитот беше 130 милиони евра, а сега е 600 милиони евра, односно, пет пати повеќе.
Како што појаснуваат економските експерти постојаното намалување на стапките на придонесите и ослободувањето на разни фирми од придонеси, се причина за намалувањето на приходите на Фондот. Сегашните 18,8 проценти, не се доволни, а ако придонесите се зголемат на 24 проценти, може да се намали дефицитот за околу половина.
-Придонесот за пензиско осигурување во 2008 година беше 21 процент, потоа владата на Груевски го намали на 18 проценти, што дополнително ги намали приходите на Фондот. Во времето на Заев придонесот малку се зголеми, на 18.8 проценти, но и тоа не е доволно. Само за споредба, придонесот за пензии во Австрија е 23.9 проценти, во Србија е 24, во Словенија – 24.35, а во Германија – 27.9 проценти. Ако придонесот во Македонија се направи да биде 24 проценти, како што е во Србија, ќе исчезне отприлика пола од „дупката“ во фондот, посочува професорот на винескиот институт Бранимир Јовановиќ за МИА.
Сериозен проблем е и иселувањето
Бројот на пензионери расте побргу од бројот на вработени. Соодносот на лица постари од 65 години, и лица помеѓу 15-64 години, денес е околу 22 отсто, а на почетокот на 1990-тите беше 12 отсто. Со други зборови, денес има еден „стар“ човек на секој петти работоспособен, додека пред 30 години, тоа беше на секој десетти. Какви и да преземете мерки, и за вработување, и за плати, и за стапката на придонеси, нема да го смените овој факт.
Населението забрзано старее поради намалените стапки на наталитет и масовната емиграција.
Особено кај емиграцијата, се иселуваа и се’ уште се иселуваат работоспособни лица и нивните семејства, значи и деца. Не се иселуваат лица од пензиско доба. Значи, тоа демографско тектонско поместување го турка на маса прашањето за старосната граница за пензионирање, што ќе донесе понатамошна стабилизација на ПИОМ.
Во последните десет години вкупно 74 946 македонски граѓани зеле државјанство во некоја од земјите во Европа.
Пензионерите кои во октомври го очекуваат најавеното зголемување на пензиите за 2.500 денари и го поздравуваат секое зголемување на пензиите, се согласни дека треба да се води сметка за финансиската стабилност на пензискиот Фонд.
Со реформата од пред 18 години, пензискиот систем покрај од задолжително пензиско и инвалидско осигурување врз основа на генерациска солидарност (прв столб) е составен и од задолжително капитално финансирано пензиско осигурување (втор столб), како и доброволно капитално финансирано пензиско осигурување (трет столб). Моментно три пензиски друштва управуваат со по еден задолжителен и со по еден доброволен пензиски фонд и едно пензиско друштво управува само со доброволен пензиски фонд.
ивидуална сметка и учесници во пензиска шема со професионална сметка во доброволен пензиски фонд.
Вкупниот број членови и времено распределни осигуреници во задолжитените пензиски фондови заклучно со крајот на 2023 година изнесува 593 023, што е зголемување за 20.929 или за околу 3,66 проценти во споредба со 2022 година. Од вкупниот број членови во вториот столб, 61 910 или 10 проценти се доброволни членови додека 531 114 или 90 проценти се задолжителни членови.
Податокот на Фондот на ПИОСМ за бројот на осигуреници покажува дека заклучно со крајот на минатата година вкупиот број на членови во задолжитените пензиски фондови е поголем од вкупниот број на осигуреници во овој Фонд.
Во задолжителните пензиски фондови лани биле пренесени придонеси во износ од 13,43 милијарди денари што претставува 1,60 проценти од БДП на државата. Вупниот износ на платени придонеси во задолжителните пензиски фондови во 2023 година пораснал за 20,39 проценти во однос на вкупниот износ на уплатен по тој основ во 2022 година.
Лани повеќе од 60 проценти од средствата на задолжитените пензиски фондови припаѓале на државните хартии од вредност. По сектори повеќе од четвртина од средствата на трите пензиски фондови се вложувања во инструменти од издавачи/акцонерски друштва од финансискиот сектор. Вкупните нето средства на задолжителните пензиски фондови на 31 декември лани изнесувале 135,21 милијарда денари или околу 2,20 милијарди евра или 16,08 проценти од БДП на државава.
Во 2023 година биле остварени 98 инвалидски пензии и 198 семејни пензии од страна на членови на вториот столб односно членови на семејство на починат член, поради што нивните акумулирани средства биле пренесени во Фондот на ПИОМ, од каде се исплаќа инвалидската, односно семејната пензија. Минатата година за 18 членови на вториот столб започнала да се исплаќа старосна пензија од втор столб преку програмирани повлекувања. Исто така за член на семејство на еден починат член кој оставрил право на семејна пензија почнале да се исплаќаат привремени програмирани повекувања, а се исплаќала старосна пензија за втор столб како програмирани повекувања за вкупно 44 пензионирани членови.
Просечната пензија под 60 проценти од износот на нето-платата
Податоците на Фондот за ПИОМ покажуват дека во јуни годинава пензија во државава примиле 341 146 лице. Од нив, корисници на семејна пензија се 74.336, на инвалидска 26.231, а на старосна 239 783.
Просечната пензија изнесувала 21.241 денар и е под 60 проценти од износот на нето-платата 41 252 денари.
Кај семејните пензии просечниот износ на примањата на пензионерите е 16.709 денари, кај инвалидиските 18.830 денари, кај старосните 22.884 денари.
Наспроти највисоката посечна воена пензија која изнесувала 29.910 денари, најмалата просечна пензија била земјоделската со износ од 10.939 денари. Највисока пензија во износ од 80.280 денари примаат 27 лица. Станува збор за една семејна и 26 старосни пензии.
Со последното усогласување на 1 март годинава пензиите беа зголемени за 5,3 проценти.