За Дуплантис небото нема лимит, летечкиот Швеѓанец прескокна 6,30

За Дуплантис небото нема лимит

За Дуплантис небото нема лимит, летечкиот Швеѓанец прескокна 6,30 и ја освои својата трета последователна светска титула во скок со стап на отворено. Арманд Дуплантис приреди вистинско шоу за гледачите на трибините. Откако ја обезбеди победата со 6,15 метри во предизвикувачка борба со Гркот Каралис, неповторливиот Швеѓанец се обиде да постави нов светски рекорд обидувајќи се со висина од 6,30 метри. И успеа!

25-годишниот Дуплантис, кој станува жива легенда на атлетиката, ја освои оваа висината во својот трет обид, а беше блиску до успех во својот втор скок. Ова е прв пат да се достигне границата од 6,30 метри во скок со стап.

Ова е 14-та корекција на светскиот рекорд на Дуплантис, претходната беше 6,29 од 12 август оваа година.

Каралис го освои среброто со 6,00 метри, а потоа направи неуспешен обид на 6,10, 6,15 и 6,20 метри, обидувајќи се да изврши максимален притисок врз Мондо, како што на прекар го викаат Дуплантис . Бронзата му припадна на Кертис Маршал од Австралија, кој постигна личен рекорд од 5,95 м. Со истиот резултат, но со уште еден прекршок, Сем Кендрикс од САД беше четврти.

Новозеланѓанецот Џорди Бимиш ја симна од тронот големата ѕвезда во пречки, Суфијан Ел Бакали, грабнувајќи му ја титулата во Токио од пред носот.

Двократниот олимписки и двократен светски шампион во дисциплината од Мароко се чинеше дека е победник, но Бимиш нападна во квадратите и заврши прв за 8:33,88 мин. Ел Бакали не можеше да го издржи неговиот притисок и заврши втор за 8:33,95 мин, по што се расплака.

Бронзата му припадна на Едмунд Серем од Кенија со 8:34,56 мин.

Помладата од сестрите Камбунџи, Дитаја, исто така направи сензација во трките на 100 метри со пречки за жени, освојувајќи ја титулата со швајцарски национален рекорд од 12,24 сек. По неа следуваа Тоби Амузан од Нигерија со 12,29 сек. и Грејс Старк од САД со 12,34 сек.

Зачлени се на нашиот е-билтен