Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

За два дена во Појасот Газа влегоа над 550 камиони со хуманитарна помош

 Повеќе од 550 камиони со хуманитарна помош влегоа во Појасот Газа во текот на последните два дена откако ги минаа темелните безбедносни проверки, соопшти денеска израелската армија, додека ОН сметаат дека ова е недоволна помош.

Израелската армија, во соработка со израелското тело одговорно за палестинските граѓански прашања, „продолжува со напорите да дозволи секојдневно минување на стотици камиони со храна и хуманитарна помош за жителите на Газа“, се наведува во соопштението на армијата, додавајќи дека само синоќа во северниот дел на газа пристигнале 126 камиони.

Точно 56 пратки помош во храна, исто така, со падобрани пристигнаа во палестинската енклава.

„Нема голема промена во обемот на хуманитарна помош што влегува во Газа, ниту има подобар пристап до северниот дел на Газа“, соопшти агенцијата на ОН за палестински бегалци (УНРВА).

Од почетокот на април просечно 181 камион со хуманитарна помош секојдневно влегуваат во Газа преку пристапните точки Рафа и Керем Шалом, соопшти агенцијата на ОН, оценувајќи дека оваа бројка е „под оперативниот капацитет на двата гранични премини, преку кои дневно треба да минуваат 500 камиони“.

УНРВА ја координира речиси целата хуманитарна помош за Појасот Газа, енклавата која од октомври е опколена и уништена во израелската офанзива.

Зачлени се на нашиот е-билтен