Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

За една година цените поскапеле за 3,9 проценти

Индексот на трошоците на живот за октомври во споредба со септември покажува намалување од 0,7 проценти, додека цените на мало се намалени за 0,1 процент, објави Државниот завод за статистика (ДЗС). Во споредба со октомври 2023 година, трошоците на животот пораснале за 3,5 проценти, а малопродажните цени за 3,9 проценти.

Според ДЗС, падот на инфлацијата во октомври 2024 во однос на септември 2024 се должи на намалените трошоци за живот во одредени групи, како: Храна и безалкохолни пијалаци (намалување од 2,2%), Ресторани и хотели (1,5%) и Рекреација и култура (0,9%).

Во истиот период е забележан пораст на трошоците за живот во групите: Алкохолни пијалаци, тутун и наркотици (3,4%), Облека и обувки (1,4%), Транспорт (0,7%), Здравје (0,3%), Домување, вода, електрика, гас и други горива, разновидни стоки и услуги (0,2%) и Мебел, покуќнина и комуникации (0,1%).

Трошоците за образование остануваат непроменети во споредба со претходниот месец.

Зачлени се на нашиот е-билтен