Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

За една недела 57 нови случаи со ковид , починале четири лица

Во периодот од 9 до 15 септември во земјата се регистрирани 57 нови случаи на SARS-CoV-2. Пријавени се четири починати лица – две во Скопје и по едно во Битола и Тетово, сите над 70 години и невакцинирани, според најновиот извештај на Институтот за јавно здравје.

Во овој период, тестирани се вкупно 285 материјали во лабораториите кои спроведуваат молекуларно и антигенско тестирање за присуство на SARS-CoV-2, што претставува намалување од 36,5% во однос на минатата недела. Регистрирани се 57 нови позитивни случаи, со намалување од 48,6% во споредба со претходната недела.

Во тековната недела, заболени лица се регистрирани во општините на осум градови. Најголем број на случаи е забележан во Скопје (n=39; 68,4%), а највисока инциденца е регистрирана во Делчево (14,7/100.000).

Заболени лица се регистрирани во сите возрасни групи, но најголем број на случаи е пријавен кај возрасната група над 60 години.

Во текот на минатата недела (09-15.09.2024), пријавени се четири починати лица асоцирани со КОВИД-19, од кои двајца од Скопје, и по еден од Битола и Тетово. Сите починати лица се над 70 години. Тројца од нив починале во болнички услови, а три лица имале коморбидитети. Сите починати лица биле невакцинирани против КОВИД-19.

До 15.09.2024 година, во текот на 2024 година, се регистрирани вкупно 1.560 заболени и 20 починати лица асоцирани со КОВИД-19. Од појавата на првиот случај на КОВИД-19 на 26 февруари 2020 година, пријавени се вкупно 351.876 заболени и 9.999 починати лица асоцирани со КОВИД-19.

Зачлени се на нашиот е-билтен