Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

За европските избори во Грција акредитирани околу 150 новинари, странски дописници и фоторепортери

 Околу 150 новинари, дописници, фоторепортери, од кои 50 се од странски медиуми од 11 земји, меѓу кои и од Северна Македонија се акредитирани да ги следат утрешните евроизбори во Грција, според податоците од Генералниот секретаријат за медиуми, јави дописничката на МИА од Атина.

Како и за секој изборен циклус во Грција, така и сега отворен е специјален прес-центар во палатата Запио во центарот на Атина.

Освен неопходните услови за новинарите да го следат изборниот процес, во прес центарот има и просторија за интервјуа и прес-конференции во случај некој од лидерите на политичките партии да сака да даде изјава за медиумите.

-Голем број претставници на грчки и меѓународни медиуми изразија интерес да бидат акредитирани за покривање на европските избори на 9 јуни 2024 година од прес-центарот во Запио. До денес се акредитирани околу 150 новинари, дописници, фоторепортери и членови на екипи на телевизиски станици, од кои 50 претставуваат меѓународни медиуми, од 11 земји (САД, Германија, Франција, Обединетото Кралство, Белгија, Бугарија, Кина, Северна Македонија, Турција, Египет, Обединетите Арапски Емирати), соопштија од Генералниот секретаријат за медиуми.

Грците утре ќе гласаат за да ги одберат нивните претставници, вкупно 21 во Европскиот Парламент. 

Треба да знаете
Moже да ве интересира