Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

За Гаши македонското знаме е туѓо

Претседателот на Собранието, Африм Гаши во изјава за медиумите го осуди сквернавењето на македонското знаме, притоа истакнувајќи дека тоа е туѓо.

„Ако е несовесно однесување на одредени граѓани, тие треба да понесат одговорност и секој да одговора за постапките. Никако не е дозволено да се гази, навредува и повредува туѓо знаме, туѓ симбол на друга заедница која било да е таа“, рече претседателот на Собранието.

Тој испрати и порака до граѓаните да ги почитуваат симболите на државата и законите, меѓу кои и употребата на албанското знаме.

„Сите кои сакаат дестабилизација во државата, не им посакуваат добро на својата нација и својот народ, а потоа и на државата. И затоа повикувам на освестување“, рече Гаши.

Според него, потребно е унапредување на државата со зачленување во Европската унија, подигање на степенот на меѓусебна толеранција и унапредување на меѓуетничките односи. Тој нагласи дека треба да се работи во насока на зближување и градење на мостови и унапредување на државата.

Зачлени се на нашиот е-билтен