Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

За Град Скопје, Струмица, Теарце и Сарај нема пари од унгарскиот кредит

Град Скопје, Струмица, Теарце и Сарај се општините кои нема да добијат пари од Владата за проектите на кои аплицираа 80 општини со вкупно 357 проекти.

Сите 20 проекти на Град Скопје се одбиени исто како и проектите на општините Струмица, Сарај и Теарце, поради тоа што не ги исполнувале потребните критериуми.

Министерот за локална самоуправа, Златко Перински, изјави дека одлуката била донесена по строго дефинирани критериуми и дека општините чии проекти беа одобрени, ќе добиваат финансиски средства етапно по реализацијата на проектите преку државниот буџет.

Оваа одлука предизвика реакции кај некои општини, особено кај Град Скопје, кој имаше значајни планови за развој на инфраструктурата, но сега ќе мора да бара алтернативни извори на финансирање за да ги реализира своите проекти.

Зачлени се на нашиот е-билтен

Најново