За криминалната ВМРО членството во НАТО е “срам за граѓаните“

Според СДСМ, САД носат Закон за Западен Балкан, против криминалот и затоа Мицкоски ја 'поддржува ама не ја поддржува акцијата на САД во Венецуела'.

Од СДСМ порачуваат дека македонскиот Мадуро, Хлристијан Мицкоски ќе одговара за криминалиите на ДПМНЕ.

„Мафијата на власт откри како гледа на членството во НАТО. За криминалната ВМРО членството на Македонија во НАТО не било успех туку „срам за македонските граѓани. Македонските граѓани се гордеат со овој национален успех кој е заедничка победа на целиот наш народ благодарение на патриотските и државнички политики на СДСМ. ВМРО-ДПМНЕ беше против. Само криминална власт може за членството во НАТО со кое трајно се обезбедува безбедноста на граѓаните, територијалниот интегритет на Македонија и сигурноста да каже дека е „срам за граѓаните“, велат од СДСМ.

Според нив затоа САД носат Закон за Западен Балкан, против криминалот и корупцијат и како што велат, затоа Мицкоски ја ‘поддржува ама не ја поддржува акцијата на САД во Венецуела’.

Од таму велат дека ‘тука лежи проблемот на ВМРО и на македонскиот Мадуро. Нема бегање, следува одговорност!’

Зачлени се на нашиот е-билтен