Нема да дозволам на грбот на напатениот народ да се прави политика, безобразно да се злоупотребуваат судбините на цел еден град и да се саботира процесот на одговорност за трагичниот настан што се случи во Кочани, порача денеска премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.
Според него, позната е стратегијата на СДСМ да ги злоупотребува сите колективни или индивидуални несреќи и да создава политика од нив.
-Сакам да предупредам за скриената се поголема манипулација и свесно фрлање на прашина во очите на целата јавност која се прави со темата Кочани. Таму гледаме полека како едно граѓанско движење за поддршка на Кочани полека преминува во политичко движење, каде од поддршка на жртвите од Кочани ќе видете како говорат за катни гаражи, водоводи канализации, исполнети неисполнети ветувања и се така во духот на локалните избори. Паралелно со тоа тече јавниот преки – суд на прес-конференции на СДСМ, рече Мицкоски.
Тој рече дека треба да се потсети како завршила злоупотребата не неколку други трагични случаи.
-Во ред еве и да ги слушаме што зборуваат, само ќе ве потсетам на неколку работи од минатото како завршија. Се сеќавате ли на трагедијата на малата Тамара, на трагедијата на Мартин Нешковски, на жртвите од Смилковскто езеро, се сеќавате дека истите овие лажеа, ветуваа правда и мир, на некрофилски начин и тогаш и денеска ги злоупотребуваа трагедиите. И што добија. Тие станаа милионери, а вистината и тогаш и денес е таа дека – единствената и политичка и Владина опција која прави, сочувствува и сака да направи е Владата на ВМРО ДПМНЕ. Да не дозволиме овие некрофили повторно да манипулираат со чоевечки судбина обидувајќи се да се вратат на власт, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ на 34. Годишна конференција на УМС.
За Кочани, рече, не се помага со прес-конференции, туку со дела, а „историјата на СДСМ на груба злоупотреба на трагични случаи станува препознатливо портфолио на политичкото делување на оваа партија, што само покажува во каква очајна состојба е тааво отсуство на реални проекти и политики со кои би го привлекле вниманието на јавноста“.
Што се однесува до владината поддршка за Кочани, нагласи премиерот Мицкоски, таа ќе продолжи и најави дека интензивно работи на проект кој ќе биде од историско значење за градот, и ќе помогне директно за животот на секој еден жител на Кочани. Со тоа, потенцира премиерот, драматично ќе се подобрат условите за живот. Деталите за овој проект на кој интензивно работат очекува да ги соопшти многу брзо откако ќе бидат финализирани сите детали.