За нелегалните трговци со пиротехника, поголеми казни?

За трговцките со пиротехника ќе се разгледуваат поголеми казни

Се разгледуваат можности за заострување на казнената политика за нелегална трговија, увоз и употреба на пиротехнички средства, најави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, по серијата тешки повреди регистрирани за време на новогодишните празници.

Според официјалните податоци, седум лица биле хоспитализирани поради повреди од петарди, меѓу кои и пет деца. Кај дел од повредените, поради сериозноста на повредите, биле извршени ампутации на прсти.

Тошковски истакна дека и покрај зголемените контроли и превентивни активности, нелегалната пиротехника и понатаму претставува сериозна закана за безбедноста на граѓаните, особено кога станува збор за средства кои завршуваат во рацете на деца.

Тој нагласи дека државата ќе мора поефикасно да ги санкционира сите кои се вклучени во синџирот на нелегална трговија со пиротехника, со цел да се спречат вакви тешки и трајни последици.

Надлежните институции повторно апелираат до граѓаните да не користат пиротехнички средства, предупредувајќи дека последиците можат да бидат сериозни и неповратни.

Зачлени се на нашиот е-билтен