Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

За пожарите во близина на Атина пред шест години осудени шест од 21 осомничен

За катастрофалните пожари во јули 2018 година во населбата Мати во источниот дел на областа Атика, поширокиот регион на Атина, во кој загинаа 102 лица,  шест од 21 осомничени се прогласени за виновни, јави дописничката на МИА од Атина.

Меѓу осудените се тогашниот началник на противпожарната служба, неговиот заменик, како и други функционери од службата кои биле на клучни позиции.

Меѓу оние кои беа ослободени се тогашниот генерален секретар за цивилна заштита, префектот на периферијата Атика, како и градоначалниците на општините зафатени од пожарот.

Според грчките медиуми, на виновните од противпожарната служба им е одредена затворски казни од 111 години, што при издржувањето ќе биде во траење од пет години, меѓутоа можат да ја откупат за околу 40.000 евра.

Соопштувањето на пресудите предизвика негативни реакции и тензии кај граѓаните што се наоѓаа во судницата, меѓу кои и голем дел роднини на жртвите, кои коментираа и извикуваа „срамота“. 

Зачлени се на нашиот е-билтен