Синдикалната минимална кошница за август 2025 изнесува 65.507 денари, што е зголемување за 179 денари во однос на јули (65.328). Во споредба со периодот пред укинувањето на активните владини мерки, кошницата е поголема за 2.816 денари или 4,49%. Со изнајмен стан од 60 м², вкупните месечни трошоци достигнуваат 80.882 денари — односно +15.375 над основната кошница.
Што ја движи кошницата нагоре?
- Храна и пијалоци: 24.064 денари во август, +382 денари vs. јули. Од укинувањето на мерките оваа категорија порасна за 2.584 денари (+12,09%). Храната сега учествува со околу 36,7% во вкупната кошница.
- Облека и обувки: намалување за 114 денари.
- Лична хигиена: намалување за 74 денари.
- Транспорт: намалување за 16 денари.
ССМ наведува дека промените во цените на основните производи и рентата продолжуваат да ја притискаат семејната економија, а особено чувствителна останува категоријата храна, која и понатаму е најголем трошок во домашниот буџет.