Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

За што се товари Милан Радоичиќ: Колкава казна му се заканува?

На Милан Радоичиќ кој се товари за здружување поради вршење на кривични дела, недозволено производство, чување, носење и тргување со оружје и експлозивни материи и тешки кривични дела против општата безбедност му се заканува казна затвор до 12 години, пренесува Н1инфо.

За потсетување, Радоичиќ денеска беше уапсен и задржан во притвор до 48 часа. За време на сослушувањето во Вишото јавно обвинителство во Белград, тој ги негираше кривичните дела. Беше предложено Радоичиќ да добие притвор.

Согласно наредбата на истрагата, Милан Р. се товари дека поседувал оружје, муниција и распрскувачки материи со голема разорна моќ од јануари 2023 година до 24 септември, а за ова кривично дело како и за тешки дела против општата безбедност му се заканува казна затвор до 12 години според Кривичниот законик.

Ден по вооружениот конфликт во Бањска, кога беа убиени еден косовски полицаец и тројца Срби, косовската полиција соопшти дека при претрес на повеќе локации, станбени згради и возила пронашла полн арсенал оружје, што ги користела групата напаѓачи за да ги блокира патиштата околу селото Бањска, вклучително и возилата кои се наоѓале околу манастирот Бањска. Пронајдени е оружје од различен тип и калибар, униформи и логистичка опрема, меѓу кои и воено оружје од тежок калибар како гранати, топови, митралези и калашникови.

Радоичиќ ја презеде целосната одговорност за настаните во селото Бањска на северот на Косовo.

Ја информирам јавноста дека на 24 септември заедно со моите сонародници дојдов на северот на Косово и Метохија во регионот на Бањска, наведе Радоичиќ во соопштението.

Како што додаде, причината за неговото враќање во Косово е „да го охрабри народот во нивниот отпор кон режимот на Аљбин Курти“.

Радоичиќ во својата изјава истакна дека нема помош од властите во Белград, ниту пак ги информирал за своите намери бидејќи веќе се разделиле за одредени ставови.

Во неделата, на 24 септември, во селото Бањска беше убиен косовски полицаец, по што следеше акција на специјалните единици на косовската полиција насочена кон вооружена група која се обиде да најде засолниште во манастирот во Бањска. Во акцијата загинаа тројца Срби, по потекло од северот на Косово.

Милан Радоичиќ, поранешниот потпретседател на Српската листа, ја презеде одговорноста за настаните во селото Бањска, се вели во изјавата што ја прочита неговиот адвокат Горан Петронијевиќ за медиумите.

Извор: ЦИВИЛ Медиа

Зачлени се на нашиот е-билтен

Најново