За следење на вториот круг од локалните избори акредитирани 1598 набљудувачи, 933 домашни и 651 меѓународен

За вториот круг на локалните избори акредитирани 1598 набљудувачи од кои 933 домашни, 651 меѓународен и 14 странски новинари

За вториот круг на локалните избори акредитирани 1598 набљудувачи од кои 933 домашни, 651 меѓународен и 14 странски новинари, соопшти на седница во петокот Државната изборна комисија. 

Најмногу домашни набљудувачи има Здружение за развој на општествено-социјални иновации „ВАКЕ УП” – Скопје – 685.

Пред првиот круг на изборите за набљудување беа акредитирани и МКЦ-Битола 23, ЛАГ Агро Лидер-Кривогаштани со петмина набљудувачи, Интерактив Битола со осум, Ромалитико-Скопје – 10, Здружение за општествен развој „ЗА ТЕТОВО“ – пет, Национален совет за родова рамноправност – 25, Здружение Планинарски спортски клуб „КАБ Струга”, Струга – 16, Евротинк-Центар за европски стратегии – четворица, Здружение на граѓани ЦИВИЛ Центар за слобода – Скопје – 60, Здружение на граѓани за зајакнување на демократските вредности ТРИ СИ КОНСАЛТИНГ – Скопјe T – шест, Институтот за економски стратегии и меѓународни односи ОХРИД – 27 набљудувачи, Национална мрежа Жените за жените – 20, Национален Ромски Центар има еден набљудувач, Здружение за унапредување на демократијата Демокраси Лаб Тетово – четорица, Национален ромски центар, Куманово – двајца, Центар за стратегиски истражувања и анализи ЦСИА Битола – еден, Здружение за промоција и развој на инклузивно општество ИНКЛУЗИВА – 11, Институт за социјална промена ИНСОК – 10 и Здружението за права и хуманост ИНТЕГРА НАУ – 10. 

Според податоците од официјалната веб страна на ДИК, најмногу меѓународни набљудувачи на Локалните избори 2025 има акредитирано ОДИХР – Канцеларија за демократски институции и човекови права – 500. Aмбасада на САД во Скопје – 30, Совет на Европа – 24, Европски Парламент – 18, Британска Амбасада во Скопје – 11, ДИК на Хрватска – двајца, Унгарската амбасада – осум, Центар за развој, реформи и обуки на изборни систем Грузија – двајца, Амбасада на Словачка еден, Централна изборна комисија на Украина – еден, Меѓународна Фондација за изборни системи Вашингтон, САД-подружница во РСМ – седум, Амбасада на Франција – девет, Амбасада на Кралството Холандија – десет, Институт за соработка и развој-Франција еден, Врховен изборен совет на Република Турција – двајца, Амбасадата на Швајцарија – тројца, ДИК Молдавија – двајца, Амбасада на Република Албанија – четворица, Амбасадата на Турција – еден, Амбасадата на Косово тројца, Центар за тренинг на Молдавија еден и Централна изборна комисија на Косово 10 набљудувачи и Београдски форум за свет на рамноправните – еден.

Изборите ќе ги следат и 14 странски новинари и тоа од ТВ Клан Косово – 6, ТОП Канал Албанија – 1, ТВ1 Косово – 2, Европска прес агенција 1, ТРТ 2 и РТКосово 2.

Зачлени се на нашиот е-билтен