За слоганот на ВМРО-ДПМНЕ „Доаѓа времето на Македонија!“, од СДСМ велат дека “Македонија е понижена и нема европска иднина’

Во пресред на помпезно најавуваната прослава на ВМРО-ДПМНЕ, една година владеење на чело со Хритијан Мицкоски, социјалдемократите велат дека станува збор за болна реалност бидејќи Македонија на чело со ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и ВЛЕН, не е горда, туку е понижена, бидејќи ја води корумпирана старо нова власт, кој го прави животот се потежок.

Од опозициската паратија потенцираат дека ‘понижени се работниците, земјоделците, младите’.

„Наместо ветени промени, добивме стара, корумпирана власт, со луксуз за функционерите, а сиромаштија и страв за граѓаните. Економската состојба е катастрофална. Животот станува сè потежок, платите не растат, а цените секојдневно одат нагоре. Парното поскапе, струјата поскапе. Народот е оставен сам, додека власта се расфрла со луксуз – приватни авиони, хотели од соништата, скапи јадења, папаја, манго“, рече членката на ИО, на СДСМ, Симона Цветаноски.

Таа потенцираше дека Владата на Мицкоски излажала за економскиот раст, бидејќи фактите се јасни, бидејќи имаме инфлација речиси 4.5%, раст од само 2.6%. ‘За првпат имаме полош економски резултат дури и од воената 2001 година’.

И сето тоа додека владата за една година ја задолжи државата со 7 милијарди евра, а сега најавува уште 700 милиони преку еврообврзница. Нема план, нема отчет, само нови долгови што ќе ги враќаат граѓаните. Во земјоделството – хаос. Наместо ветени 180 милиони евра субвенции, имаме кратење од 50 милиони. Нема субвенции за оризопроизводителите, сточарите добија намалување за 50%, а тутунарите останаа без вода“, рече Цветаноски.

Таа додаде дека секој ден има нов скандал, нови сомнежи за криминал, за тендерски шеми за богатење на поединци во власта.

„На безбедносен план, граѓаните се оставени без заштита, се штиттат само функционерите на власта и тоа од одговорност. Видовме трагедии што можеа да се спречат, а полицијата наместо да ги заштити граѓаните, се претвори во партиска војска која штири криминал во своте редови.Наместо зголемена безбедност – скандалозни набавки за униформи, фантомски тендери и програми за следење и прислушување. Тоа е реалноста денеска. Ветуваа реформи во судството – не донесоа ниту еден реформски закон. Наместо независно обвинителство, добивме судство под притисок и закани. Ветуваа рационализација, а вработуваат по партиски списоци. Ветуваа иднина, а ја срушија перспективата на младите. Наместо интеграција во ЕУ – блокада. Наместо задржување на младите – иселување“, рече Цветаноски.

Цветаноски потенцираше дека оваа власт го урна достоинството на граѓаните. ж„Нема горда Македонија без горди работници, без правичност и економска сигурност. Нема горди млади без иднина, нема гордост со власт која ги лаже, манипулира граѓаните а се грижи само за богатењето на функционерите. СДСМ ќе продолжи да ја зборува вистината, да се бори за граѓаните, и за враќање на достоинството, правдата и надежта. Македонија заслужува повеќе, заслужува подобро“, рече Цветаноски.

Од друга страна пак власта на чело со ВМРО-ДПМН вечерва пред платотот на Владата, ќе слави една година владеење. Настанот го организира под слоганот „Доаѓа времето на Македонија! Ги градиме темелите на промените“

Премиерот Христијан Мицкоски вчера на својот Фејсбук профил соопшти дека за една година покачиле пензии и плати, градат патишта, обезбедиле над 1.2 милијарди евра странски инвестиции и вработиле 1000 полициски службеници и нагласи дека развојот е возможен и на дофат, а најдоброто допрва доаѓа, плодовите на работата на Владата допрва ќе се чувствуваат.

„Една година од новиот почеток, една година градење темели, една година за тебе! Доаѓа Времето на Македонија! Ги градиме темелите на промените“, порача Мицкоски.

Собранието на 23 јуни минатата година со 77 гласа „за“ и 22 гласа „против“ ја избра Владата, на чело со Мицкоски. Владината коалиција ја сочинуваат ВМРО-ДПМНЕ, партиите од коалицијата Вреди и ЗНАМ. Против Владата гласаа пратениците од СДСМ и Левица, а Европскит фронт ја напушти седницата кратко пред нејзиното завршување. 

Во Владата има три повеќе од претходната, вкупно 20 министерства. Покрај премиерот, има уште 23 вицепремиери и министри. Во владиниот состав има само три жени, министерките за финансии, за образование и наука и за енергетика, рударство и минерални суровини, Гордана Димитриеска Кочоска, Весна Јаневска и Сања Божиновска.

Зачлени се на нашиот е-билтен