Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Заедничка воена вежба на САД и Јужна Кореја

САД и Јужна Кореја денеска почнаа големи воздушни вежби, во кои се очекува да учествуваат 130 воени авиони на двете земји.

Годишната вежба наречена Будна одбрана ќе продолжи до петок. Во нив се планира да бидат вклучени и американски и јужнокорејски борбени авиони Ф-35 и други видови борбени авиони, се вели во соопштението на јужнокорејските воздухопловни сили.

Целта на вежбите е да се подобри способноста на вооружените сили на САД и Јужна Кореја да дејствуваат заедно во воздушните мисии. 

Зачлени се на нашиот е-билтен