Заедно со Алексис му ја предадовме првата Награда за мир Преспа, на амбасадорот Метју Нимиц кој имаше трпение повеќе од две децении од својот живот да им посвети на барање решение за спорот за името, напиша на социјалните мрежи поранешниот премиер Зоран Заев, по повод доделувањето на оваа награда на Меѓународната конференција за мир и одржлив развој што се одржува во Атина по повод 6 години од Преспанскиот договор.
„Со неговата поддршка и посветеност изградивме меѓусебна соработка и дојдовме до решение не само за името, туку отворивме порта за соработка за двете земји за подобра иднина на нашите народи, но и за иднината на регионот. Му благодарам на амбасадорот Метју Нимиц кој ни помогна да стигнеме до решение кое денес е модел за решавање многу спорови“, истакнува Заев во својата објава.
Заев истакнува дека Нимиц порачал да го чуваме и негуваме Преспанскиот договор и целосно да го имплементираме.