Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Заев за Бутарис за грчката Open TV: Беше визионер кој веруваше во соработката и во отпорот против екстремизмот

Заминувањето на нашиот пријател Јанис Бутарис е многу тажна и лоша вест за сите нас кои веруваме во постојано и неповратно подобрување на односите меѓу народите на Северна Македонија и Грција, изјави за Open TV поранешниот премиер Зоран Заев.

Во изјавата на Заев за смртта на Јанис Бутарис уште се вели:

Како градоначалник на Солун, но и како човек и како демократ, Бутарис беше еден од првите што нѐ охрабри мене и Алексис во нашите напори да ги преземеме вистинските чекори, од Давос па сѐ до Преспа.

Како бизнисмен, тој беше вистински визионер кој ја туркаше агендата за регионална соработка и за заеднички регионален пристап за искористување на сите потенцијали што ги нудат европските фондови.

Јанис беше и голем борец за еднаквост и човекови слободи, човек кој треба да служи како инспирација за демократски отпор во овие времиња кога екстремизмот зема замав.

Нека почива во мир, ние демократите ќе го продолжиме неговото дело.

Зачлени се на нашиот е-билтен