На автопатот Белград – Ниш утрово се случила сообраќајна несреќа во која загинале две лица, а едно лице е повредено и пренесено во болница, дознава Танјуг.
Несреќата се случила кога автомобил со германски регистарски таблички излетал од патот и удрил во насипот. Српските медиуми јавуваат дека загинатите се маж и жена и дека се македонски државјани.
Се работи на нормализирање на сообраќајот на автопатот.