Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Загрижувачки и опасен преседан е воспоставувањето на „Држава на Бекташкиот ред“ во Тирана, став на Исламските верски заедници во Албанија и Македонија

Големата Џамија во Тирана
Големата Џамија во Тирана

„Ја изразуваме нашата загриженост за јавните изјави кои зборуваат за „модерниот ислам“ или „албанскиот ислам“ или дури и за Исламската држава во Албанија.

Овие термини немаат никаква врска со исламот како религија, која е универзална религија и се заснова на Куранот и пророчката традиција и ги почитува уставот и законите каде и да припаѓа.

Во оваа смисла, ваквите иницијативи каква што е оваа за воспоставување на „Суверенитетот на Бекташкиот ред“ во Тирана можат да бидат опасен преседан за иднината на земјата“.

Ова е официјалниот став на Заедницата на муслиманите во Албанија, што Исламската заедница во Македонија го прифаќа и како свој, изјави за Рацин.мк генералниот секретар на ИВЗ Ирсал Јакупи.

Во соопштението на Муслиманската заедница на Албанија, чии ставови ги споделува и ИВЗ во Македонија уште се наведува дека Заедницата на Муслиманите во Албанија (ЗМА) е единствениот и официјален претставник на исламската вероисповед во Албанија на трите основни принципи како што се Светиот Куран, зборот на Господарот на световите, Пророчка традиција и Уставот на Република Албанија.

Иницијативата за формирање „Суверенитет на Бекташкиот ред“, за која дознавме прекиу медиумите, истакнуваат од МЗА, е започната без консултации со верските заедници, кои за вакви случаи формираа и посебна институција која ја фалат сите западни земји, како што е Меѓуверскиот совет на Албанија.

Ги уверуваме муслиманските верници во Република Албанија дека ќе ги застапуваме нив и секој верник од која било конфесија, како што правевме досега, така и во иднина и ќе продолжиме внимателно да го следиме ова прашање и да ги преземаме неопходните чекори во согласност со Уставот и законите на нашата земја, се вели во соопштението на Муслиманската заедница на Албанија.

Зачлени се на нашиот е-билтен