Захарова: Гаѓаме само воени цели, украинската ПВО погодува цивилни објекти

Портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова, денеска изјави дека руските вооружени сили вршат напади исклучиво на воени цели и објекти кои служат за поддршка на Вооружените сили на Украина (ВСУ).

„Сакаме уште еднаш да нагласиме дека руските вооружени сили гаѓаат исклучиво воени цели и објекти за логистичка поддршка на ВСУ. Штетата на цивилната инфраструктура е последица на дејствувањето на украинската противвоздушна одбрана и електронското војување“, рече Захарова, пренесува Тас.

Претставник на руската дипломатска мисија при Европската унија беше повикан претходно денеска во Европската служба за надворешни работи, откако за време на ракетниот напад во текот на ноќта беше оштетена зградата на делегацијата на Европската унија во Киев.

Во нападот на Киев загинаа 19 лица, а 63 се повредени.

Зачлени се на нашиот е-билтен