Зајдисонце во МСУ: три изложби што отвораат нови светови

На 25 септември од 17 часот, кустосот Бојана Јанева ќе води тура низ трите новоотворени изложби во Музејот на современа уметност (МСУ) во Скопје: „Живко Поповски, живот посветен на архитектурата“, „Желбата можеби е, би можела да биде, како што секогаш е, блиску до љубовта“ – архивски асемблаж и интервенција на Кумјана Новакова и „Музеј отворен до понатамошно известување“, самостојна изложба на Џем А.

Кураторки на изложбата за Поповски се Анета Христова-Поповска и Мери Батакоја, а на изложбата на Џем А. куратори се Јованка Попова и Никола Узуновски.

Влезницата е 100 денари. Марсо ќе пушта музика од 18 часот.

Зачлени се на нашиот е-билтен