Како пратеник останувам да делувам независно во Собранието. Либерално-демократската партија е независен политички субјект, со своја политичка програма и со своја либерална идеологија, вели за Рацин.мк пратеничката и лидерка на ЛДП Моника Зајкова.
-Ние како партија уште во мај донесовме одлука дека ќе делуваме независно, додека пак за локалните избори кои следуваат догодина ќе се одлучува на ниво на партиските тела како ќе настапиме, не е исклучено да настапием и како независна партија, појаснува таа.
во однос на заедничките ставови по некои предлог закони и слично таа вели дека и тоа е пракса на партијата да има свој став околу прашањата кој понекогаш и порано бил различен од ставот на коалициските партнери, како за пример го спомна рамиот данок за кој ЛДП беше застапник, додека пак СДСМ инсистираше на прогресивен данок.
Синоќа ТВ 21 повикувајќи се на партиски извори пренесе дека лидерката на ЛДП, Зајкова излегува од коалицијата со СДСМ иако не се знае дали ќе ѝ се приклучи на владеачката коалиција предводена од ВМРО-ДПМНЕ.
С.Т.