Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Закажи термин за ЕМБГ со Лидија Димковска

Во книжарница на ТРИ во Градскиот трговски центар во Скопје вечерва во 19 часот ќе се одржи разговор со писателката и поетеса Лидија Димковска за нејзиниот роман „Единствен матичен број“. Разговорот ќе го води Виолета Танчева-Златева.

„Единствен матичен број“ е нејзин четврти роман.

-На оваа необична средба ќе успеете да откриете што стои зад бројките на единствениот матичен број, кои сме и што сме независно од него, и како да навлеземе подлабоко во себеси. а добредојдено е и вашето учество, велат од издавачката куќа ТРИ.

Лидија Димковска е родена во Скопје во 1971 година. Димковска е поетеса, романописец и преведувачка од романски и словенечки на македонски јазик. Докторирала Романска литература на Универзитетот во Букурешт, Романија, каде предавала македонски јазик и литература. Живее во Љубљана, Словенија и преведува романска и словенечка литература на македонски јазик.

Зачлени се на нашиот е-билтен