Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Заменичката амбасадорка на Грција Андреади ги повика македонските политичари да се придржуваат до Преспанскиот договор

Заменичката амбасадорка Георгиа Андреади, на панел дискусијата „Европската Унија како предизвик и предизвиците на ЕУ: Европа 74 години од Шумановата декларација“ во организација на Европското движење во Северна Македонија и претставништвото на Фондацијата Конрад Аденауер во Скопје, се одржа по повод 9 Мај – Денот на Европа, ги повика „сите функционери на Република Северна Македонија целосно да ги почитуваат, да се придржуваат и да ги спроведуваат со добра волја сите меѓународно обврзувачки договори како што е Преспанскиот договор, за да може да покажат пред меѓународната и европската заедница дека се искрени, и посветени кон својата евроатлантска иднина“.

-Како лична забелешка би сакала да појаснам дека што се однесува до Грција, институциите не се исто со личноста. Во едно демократско општество кога институцијата се преклопува со личноста, не може да биде демократско општество. Според тоа, сакам да повторам дека ние очекуваме Северна Македонија во добра волја и во духот на добрососедските односи, кои апсолутно ние можеме да ги градиме и заедно да одиме кон иднината целосно да се придржува до Преспанскиот договор, рече Андреади.

Најново