Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Заменик-државната секретарка на САД, Елизабет Ален, доаѓа во Северна Македонија

Заменик-државниот секретар на САД за јавна дипломатија, Елизабет Ален ја започнала посетата на регионот, при што до 20 мај ќе ги посети Северна Македонија, Босна и Херцеговина, Србија и Косово.

Како што се наведува во соопштението на Стејт департментот, главна цел на посетите е продлабочување на партнерството со земјите од Западен Балкан и унапредување на заедничките цели за регионална соработка и европска интеграција

За време на разговорите, Ален ќе ги нагласи основните демократски вредности кои САД ги споделуваат со луѓето од Западен Балкан и важноста да се работи заедно за заштита на слободните и отворени општества од злонамерно влијание.

Ален во Скопје ќе се сретне со „експерти за странско малигно влијание“.

„Препознавајќи ја културната разновидност и богатото наследство на Северна Македонија, потсекретарката Ален ќе го посети античкиот римски форум во Стоби, каде поддршката на американската влада преку Амбасадорскиот фонд за зачувување на културата помага да се зачува еден од најскапоцените археолошки локалитети во Северна Македонија. Додека е таму, таа ќе разговара со локалните партнери за потенцијалот на проектот за натамошно проширување на економскиот развој и туризмот“, се наведува во соопштението.

Зачлени се на нашиот е-билтен