Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Заменик шеф на косовската дипломатија тврди дека Грција е на чекор од признавање на Косово

Заменикот министер за надворешни работи и дијаспора на Косово, Крешник Ахмети изјави дека Косово годинава постигнало успех во надворешната дипломатија, посочувајќи го како пример зближувањето на односите со Грција.

Ахмети во вечерашното интервју за телвизијата КТВ рече дека Грција е блиску до признавање на Косово, нагласувајќи дека се потпишани заеднички документи и меморандуми меѓу двете држави.

-Сме работеле на доведување нови признавања (на косовската независност). Исклучителен напредок има со Грција, каде што покрај подигнувањето на статусот на нашата Канцеларија, што значеше официјализирање на односите меѓу нашата тамошна канцеларија и Министерството за надворешни работи, почнавме и со потпишување на заеднички документи… Значи, Грција, по мое мислење, е на само чекор од признавање, рече Ахмети.

Тој најави дека следната година Косово ќе ја отвори првата мисија во Полска, а се очекува да бидат реализирани и други дипломатски мисии.

-Во сегашниот контекст, Република Косово, нејзината надворешна политика, не може да се оценува само по бројот на признанија, затоа што веќе сме етаблирани како реалност на меѓународната сцена. Не велам дека тоа не е важно, но не е единствениот клуч што може да се вреднува, рече Ахмети. (МИА)

Зачлени се на нашиот е-билтен