Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Замрзнувањето на цените е мерка која ќе ги спречи трговците да прават екстра профити

Замрзнувањето на цените е единствената мерка која може да ги спречи трговците да прават екстра профити, есенската кошничка не даде ефекти, а на законот за нефер трговски практики му треба време од шест месеци за да почне да дава резултати, вака коментира професорот Ванчо Узунов околу начинот на кој треба да се зауздаат високите цени.

– Сега нема инфлација, мерката замрзнати цени е најчесто користена при инфлаторни движења, но цените неконтролирано растат, тоа значи дека трговците уште со најавата на есенската кошничка ги зголемија цените, и затоа граѓаните не го почувствуваа ефектот, а и владата ја донесе оваа мерка само колку да покаже дека нешто прави, појаснува тој.

Според него маржите се најтешки за контролирање, а земјава нема доволно инспектори и капацитет за тоа, а државата треба да влезе во односите меѓу трговците и производителите, затоа што има олигопол (форма на пазарна структура која се карактеризира со мал број на компании кои имаат доминантни позиции на пазарот), и да го исконтролира и изрегулира пазарот.

Узунов предлага и зголемување на некои плати, но не сите или пак социјалните трасфери за социјално загрозените семејства.

Есенската кошничка завршува на 31 октомври, а законот за нефер трговски практики во синџирот на 28 септември. Очекувањата се дека ќе поевтинат околу 2.500 производи на кои профитната маржа им е ограничена до 10 отсто.

Соња Танеска

Зачлени се на нашиот е-билтен

Најново