Занаетчиите ја преземаат сцената: новата генерација милионери нема да бидат програмери!

Извршниот директор на Nvidia, Џенсен Хуанг, предвидува дека развојот на вештачката интелигенција (AI) ќе донесе вистински технолошки бум – но не за програмерите, туку за занаетчиите и техничарите.

Следната генерација милионери ќе бидат водоинсталатери и електричари, а не нужно софтверски инженери“, изјави Хуанг, додавајќи дека токму тие ќе ја изградат и одржуваат инфраструктурата што ја движи вештачката интелигенција.

И други индустриски лидери го споделуваат овој став. Извршниот директор на Ford, Џим Фарли, предупреди дека американските амбиции во областа на AI нема да бидат остварени без клучните работници кои можат да ги изградат и сервисираат дата-центрите, пренесува Forbes.

Недостиг од мајстори и во регионот

И покрај растечката потреба за одржување и поправка на автомобили, бројот на автомеханичари опаѓа од година во година.
Според податоците на Институтот за автомобилска индустрија (IMI), квалификациите во овој сектор во последниот квартал од 2024 година паднале за 4 проценти во споредба со претходната година, додека вкупниот број на технички сертификати во другите области бележи раст.

IMI предупредува на „долгорочно забавување“ во влегувањето на млади таленти во техничките професии, што веќе има последици и во 2025 година – во првата половина на учебната 2024/25 година, бројот на нови приправници во автомобилската индустрија опаднал за дополнителни 3 проценти.

Според експертите, вештачката интелигенција нема да ги избрише работните места, туку ќе создаде нови можности за луѓето кои знаат да создаваат, поврзуваат и одржуваат.
Ако Хуанг е во право, иднината на технологијата нема да биде во рацете на програмерите – туку во вештите раце на мајсторите.

Зачлени се на нашиот е-билтен