Запалена зградата на парламентот во Непал: демонстрантите влегоа внатре и оставија антивладини графити

Во главниот град на Непал, Катманду, демонстранти ја нападнаа зградата на федералниот парламент и подметнаа пожар, поради што густ чад и пламен се издигнуваат од едното крило на објектот. Илјадници луѓе се собраа околу парламентот, иако на сила е полициски час воведен по вчерашната пукотница што го разгори гневот против владата.

Сведоци јавуваат дека неколку демонстранти навлегле во зградата, каде сите прозорци се скршени. Надворешните ѕидови се покриени со графити и антивладини пораки, меѓу кои и пораката: „Влеговте во погрешна борба“.

Околу комплексот кружат мотоцикли, некои носат искоренети растенија и предмети изнесени од внатрешноста. Дел од демонстрантите танцуваат и скандираат околу запален огин пред влезот во зградата, развевајќи непалски знамиња.

Според пишувањата на Би-Би-Си, ситуацијата останува напната и непредвидлива.

Зачлени се на нашиот е-билтен