Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Запленети над 75 илјади парчиња пиротехника во тетовско

Во Тетово и околните села полицијата денеска запленила над 75 илјади парчиња пиротехника и околу 350 килограми тутун, соопшти МВР.

„Денеска во периодот од 09.30 до 14.20 часот полициски службеници од СВР Тетово со судска наредба извршиле претреси во дом и други простории кај Б.А.(40) во с. Селце, тетовско, како и во дом и други простории кај М.Д. (43) од с. Селце и продавница, како и во три импровизирани тезги во Тетово сопственост на С.М.(35) и М.А.(54) двајцата од Тетово и Ј.Н.(56) од с.Буковиќ, скопско. При претресите се пронајдени 75 889 парчиња пиротехнички средства и 346 килограми тутун“, информираат од МВР.

Како што објави МВР, лицата биле уапсени и против нив биле поднесени пријави.

Зачлени се на нашиот е-билтен