Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Започна снимањето на филмот „Соучесници“

На локации во Ужице започна снимањето на филмот „Соучесници“ во режија на Марко Новаковиќ, според сценарио на Огњен Обрадовиќ. Главните улоги ги толкуваат: Невена Нераџиќ, Радован Вујовиќ, Милица Јаневски, Златан Видовиќ, Даница Ристовски, Аница Добра и Зоран
Цвијановиќ. 

Една од  улогите во овој филм ја толкува Сара Климоска.

Северна Македонија ќе биде вклучена и со професионалци во продукцијата и постпродукцијата на филмот.

Филмот е копродукција помеѓу Србија, Хрватска и Северна Македонија. Главен продуцент е српската продуцентска куќа Зилион филм на Лазар Ристовски, а копродуценти се Иван Малоча преку продуцентската куќа Интерфилм од Хрватска и Роберт Насков и Александар Поповски преку  Партизанс.

Филмот е финансиран од Агенцијата за филм на Република Северна Македонија.

Зачлени се на нашиот е-билтен