Денес во Скопје започна третото издание на „AI Tech Summit“ на кое учесниците ќе имаат можност да се запознаат со најновите достигнувања во технологијата вештачката интелигенција и нејзина апликативна примена во различни индустрии ИТ, финансии, телекомуникации, здравство, забава, гејминг, производство
„Над 700-ина учесници од цел регион ќе имаат можност одблизу да слушнат експерти и иноватори од светските гиганти како Microsoft, NVIDIA, Google, UBS, Ericsson, Amazon и KPMG, но исто така и да ги разменат своите искуства. AI Tech Summit повторно ќе ги насочи погледите кон иднината за тоа како вештачката интелигенција ќе го обликува нашиот свет, како технолошки така и општествено“, велат организаторите.
Учесниците ќе имаат можност да се запознаат со најновите достигнувања во технологијата вештачката интелигенција и нејзина апликативна примена во различни индустрии ИТ, финансии, телекомуникации, здравство, забава, гејминг, производство и др.
Настанот е организиран од страна на чешката компанија TBM Group во соработка со М6 Едукативниот центар.
Преземено од Трн.мк