Во пограничното подрачје на јужен Либан изутринава има затишје откако стапи на сила договорот за прекин на огнот меѓу Израел и Хамас во Појасот Газа.
Либанската национална новинска агенција јави дека „напнато затишје има на јужната граница“.
Жител на областа Алма ал Шаб рече дека „има затишје“ и дека не слушнал „израелски авиони“, вклучително и извидувачки авиони кои претходно постојано летале над јужен Либан.
На затишјето му претходеше интензивирање на проиранските напади на Хезболах врз израелската армија, која го гранатираше јужен Либан.